Чудотворен напиток од грејпфрут и јаболков оцет: Го чисти црниот дроб и ги топи масните наслаги

Нарингенин, антиоксиданс кој се наоѓа во грејпфрутот и цитрусното овошје, го поттикнува црниот дроб да ги разградува маснотиите и истовремено ја зголемува чувствителноста на инсулин, тврди тим на научници од Ерусалим и САД.
Имено, едно истражувањето од 2010 година објавено во магазинот “Plos One” покажало дека нарингенинот создава слични услови во организмот како и постот.
Се чини дека овој антиоксиданс го имитира делувањето на лековите кои се користат за намалување на маснотиите и шеќерот во крвта, овозможувајќи ги истите здравствени придобивки од двата лека.
Во продолжение, ви претставуваме рецепт кој ефикасно го чисти црниот дроб и ги топи масните наслаги.


Потребни состојки:
– 2 лажички јаболков оцет
– 1 црвен грејпфрут
– 1 портокал
– ¼ лажичка цимет
Начин на припрема:
1. Исцедете го портокалот и грејпфрутот и додадете го циметот и јаболковиот оцет.
2. Добро промешајте го напитокот и консумирајте веднаш по припремата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.