Шафранот е еден од најлековитите зачини: Помага при несоница

Еден од најлековитите зачини е шафранот. Овој зачин со интензивен мирис и слатко-горчлив вкус се користел во стара Грција како афродизијак, но е ефикасен и при несоница и мамурлак.

Постојат повеќе начини како да го искористите шафранот во кујната – можете да го потопите прво во вода или млеко околу 15 минути, да го додадете во истовреме со други зачини или да го изроните во јадењето при крајот на готвењето. Ако го поседувате овој зачин во кујната, доволно ви е само прстофат за да креирате софистицирани вкусови.


Еве како можете да го употребувате:
Шафранот одлично одговара во јадења со ориз, од блискоисточни пилави преку шпански паелји, италијански рижота до индиски јадења. Можете да го додадете и во сладок сутлијаш.
Одлично оди во комбинација со други зачини како мелен коријандер, ѓумбир, кардамом, анасон… Во студените денови можете да припремите густа чорба од коренест зеленчук и шафран која ќе ве стопли и расположи.

За пријатен сон
Згрејте една шолја бадемово или козјо млеко и во него додадете мелен кардамом, шафран и мед по вкус. Оставете малку да отстои и испијте ја течноста додека е топла.
Предупредување: трудниците треба внимателно да го користат овој зачин и исклучиво во консултација со лекар. Исто така важно е лекарот да ја утврди дозата на шафран бидејќи во поголеми количини може да има негативни ефекти по здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.