Во светот е сè попопуларна т.н. шведска диета. Оваа популарна диета е една од најрестриктивните затоа што забранува внесување на голем број намирници во телото.
Позната е и под името LCHP (low carbohydrates high proteins), а нејзиниот фокус е на сведување на јаглехидратите на минимум со зголемено внесување на протеини и природни масти.
Во склоп на оваа диета дозволено е да ги јадете сите видови на месо и масти од животинско потекло, како и сите видови на риба и останати морски плодови.
Исто така дозволено е да консумирате и останати намирници од животинско потекло како што се јајцата и млекото. Што се однесува до растителните масти, дозволено е консумирање на сите ладно цедени масла како маслиново, ленено и кокосово.
Се препорачува да јадете што повеќе зеленчук како што е зелена салата, кељ, зелка, виолетова зелка, блитва, спанаќ, карфиол, брокула, кељ, домат, пиперка, тиквичка, краставица, целер, маслинки…
Строго забранети се:
- шеќер;
- тесто;
- ориз;
- компир.
Иако не се строго забранети, сепак не треба да консумирате ниту леблебии, грашок, леќа, грав, морков поради тоа што содржат голема количина на јаглехидрати.
Оваа диета дозволува консумирање на млечни производи, а се избегнува консумирање и на сета преработена, рафинирана храна.