Ние сме енергија, како и светот околу нас, дури и нашите мисли и чувства се енергија. Чувствителните луѓе се свесни за вибрациите околу нив, а енергијата на другите ја доживуваат како да е нивна.
Доколку се препознаете во овие шест особини, вие сте роден емотивец.
Ги препознаваат емоциите на блиските луѓе
Ова се нарекува емпатија. Чувствителните луѓе можат да препознаат како се чувствува некој, а често се тажни кога и нивните блиски се тажни. Понекогаш не знаат како да се справат со емоциите, па затоа е клучно да внимаваат на себеси.
Го чувствуваат лунарниот циклус
Секој месец Месечината го заокружува својот циклус. Секоја фаза со себе носи различни емотивни состојби, па емотивните луѓе се во хармонија со нив. За време на младата Месечина сакаат да бидат сами, а кога Месечината е полно сакаат да се справат со сите обврски и проблеми.
Ги чувствуваат негативните вибрации
Емотивните луѓе можат да препознаат дали некој ги лаже или се обидува да ги изневери. Ја впиваат негативната енергија и ги читаат луѓето како буквар.
Не се чувствуваат убаво во гужва
Не се чувствуваат убаво во трговски центри или на јавни површини, а тоа е бидејќи ја чувствуваат енергијата на луѓето околу себе. Ги вознемируваат звуци, мириси и вештачко осветлување.
Имаат развиена интуиција
Со оглед на тоа дека се свесни за околината и за енергијата на другите, имаат силна интуиција. Имаат силно чувство дека веќе го предвиделе она што им се случува и ја препознаваат пораката. Освен тоа, понекогаш можат и да се поврзат со другите светови и да бидат во контакт со луѓе коишто не се веќе меѓу нив.
Избегнуваат секаква храна
Храната има своја енергија што значи дека не поднесуваат секаква храна. Понекогаш избегнуваат месо, брза храна или храна со ГМО. Наместо тоа бираат органска, свежа, веганска или вегетаријанска храна.