Производите од овес се посебно барани поради нивната хранлива вредност, која е далеку повисока од другите житарки.
Овесот има висока содржина на липиди, есенцијални масни киселини, и поволен аминокиселински состав на протеините.
Стандардни производи на млинското преработување на овесот се овесните снегулки и овесното брашно, кои може да се во природен или во инстантиран (преработен) облик. На пазарот, најчесто, се продава во преработен облик и служи за брза подготовка на каша. Овесните снегулки се добиваат со сплеснување на цело излупено зрно или на овесна дробеница. Освен за подготовка на каша (овесот е основна состојка на муслите), овесните снегулки се користат и како дополнителна суровина во производство на посебни видови на леб, печива и други пекарски производи.
Овесот се смета за здрава храна поради високата содржина на неколку есенцијални хранливи материи (нутриенси). Сто грама овес содржат 389 калории. Овесот е одличен извор на протеини (34% од Дневната препорачана вредност ДПВ), диететски влакна (44% ДПВ), неколку вида на витамин Б, бројни диететски минерали, посебно манган (233% ДПВ). Овесот се состои од 66% јаглехидрати, вклучувајќи 11% диететски влакна, 4% бета-гликан, 7% масти и 17% протеини. Овесот има својство да го снижува холестеролот, што довело до негова широка употреба како здрава храна.
Ние ви предлагаме дури шест рецепти за мафини со овесни снегулки за вашиот следен здрав и вкусен појадок.