Рецепт кој ќе го обожаваат сите возрасти и деца.
Состојки:
4 јајца
1-1,5 лажички сол
200 мл масло
400 мл млеко
200 гр пченкарно брашно
200 гр пченично брашно (остро)
1 прашок за пециво
200 гр шунка (пица шунка или некоја друга салама)
200 гр кашкавал
120 гр кисели краставички
120 гр кисела црвена пиперка
Подготовка:
Најпрво краставиците, пиперките и шунката исечкајте ги на ситни коцки и изрендајте го кашкавалот. Подгответе соодветен плех, малку подмачкајте го и посипете го со малку брашно.
Земете соодветен сад и во него изматете ги јајцата со миксер, посолете по вкус, па додајте масло и млеко. Во вториот сад измешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво, измешајте и додајте ги во првиот сад со јајцата. Добро измешајте со миксер.
На крајот додадете ги исечканите краставици, пиперките, шунката и ренданиот кашкавал, па сè убаво измешајте, по можност со лажица.
Смесата се истура во плех и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Питата е готова кога убаво ќе зарумени.