Што да правите кога ве мачат гасови и надуеност?

Според совет на клинички нутриционист, при гасови и надуеност помага одредена исхрана, но една една лесна вежба која може да се прави дома.
Доколку ве мачат гасови и надуеност, нутриционистот објасни зошто се случува тоа и што помага. Зошто добиваме гасови и чувство на надуеност, без разлика што сме јаделе?
„Колку подолго столицата останува во цревата, толку повеќе гасови и надуеност ќе имате“, објасни клиничката нутриционистка Сузи Соер.
Што помага кај гасовите? Пред сѐ, влакната во исхраната, кои поволно делуваат на процесот на варење, а таа објасни и како.
„Нерастворливите влакна го зголемуваат волуменот на столицата, поради што таа побрзо поминува низ цревата. Но, бидете внимателни и не претерувајте, бидејќи премногу влакна може да има контра ефект, предизвикувајќи уште поголема надуеност и гасови“, вели таа.
Позитивно на варењето ќе влијае и внесот на повеќе течности, пред сѐ вода. Секогаш се препорачува физичка активност за овој процес да оди побрзо и полесно, а има еден трик што можете да го испробате доколку немате време за вежбање.
Седнете на столче со потпирач за грб, а потоа обидете се да извртите така што со рацете ќе посегнете по потпирачот за грб, додека стапалата сѐ уште се на земја. Повторете го ова движење надесно, па налево. Движењето што го извртува нашиот стомак на страна овозможува барем дел од гасовите да се испуштат од цревата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.