Кардио тренингот е најефикасен начин за намалување на масните наслаги, постигнување и одржување на кондицијата.
Кардио вежбите се неопходни за секоја ефикасна програма за тренинг, бидејќи постигнуваат согорување на маснотиите, но воедно се добри и за целокупното здравје на организамот. Исто така, доколку долго време не сте вежбале и немате сила за други тренинзи, кардио тренингот секогаш е одлична опција за вашето здравје.
Кардио тренингот подразбира било каков вид на вежби, каде што срцето достигнува од 60 до 85% од максималниот број срцеви отчукувања. Кога срцето работи во тој опсег, тогаш станува збор за кардио или аеробен тренинг.
Најчестите кардио вежби се одење, трчање, возење велосипед, пливање, трчање на трака, одење по скали, скокање на јаже. Нормално, може да направите комбинација од овие активности, но важно е тренингот да трае од 30 до 60 минути.
Со кардио тренингот најдобро е да почнете наутро и на тој начин ќе го поттикнете организамот забрзано да ги согорува калориите во текот на целиот ден. Утринскиот кардио тренинг, важно е да биде со низок интензитет.
Кардио вежбите го забрзуваат метаболизамот, го зајакнуваат срцето и белите дробови и го намалуваат бројот на отчукувања на срцето кога е во состојба на мирување. Кардио вежбите го зголемуваат приливот на крв во мозокот, а тоа ја подобрува концентрацијата. Исто така, допринесува намалување на стресот и зајакнување на имунолошкиот систем.
За вас пронајдовме видео, кое ќе ви овозможи кардио тренингот да го направите во домашна атмосфера.