Што да се јаде во Македонија? Македонските јадења се неверојатни вкусни, а добрата вест за странците барем е што нашата храна е лесно достапна и евтина.
Едит и Драган Тапшанов се брачна двојка кои 6 месеци од годината шетаат низ светот, а 6 месеци водат AirBnB сместување во Скопје.
Досега сигурно добиле многу прашања од странците кои се однесуваат на храната – што да јадат, каде да јадат, колку ќе ги чини?
Овие домаќини им препорачуваат на странските туристи добро да се најадат во „кафана“ додека се во посета на земјата.
Храната во Македонија ги зближува луѓето. Тоа е неприкосновен факт. Кога се седнува на маса тоа значи дека се мези, се пие, се јаде, се смее, се пее, се дискутира… и најчесто трае од пладне до доцна во ноќта.
Што им препорачуваат на странците за јадење во Македонија?
Ракија и мезе (пинџур, макало, печени пиперки, сирење, туршија, ајвар, шопска салата)
Риба, печени компири, кисела зелка