„Околу 1.250 парчиња воена опрема пристигнуваат на ова пристаниште“, рече полковникот Роберт Келам, кој ја надгледуваше операцијата на американската страна.
Опремата вклучува тенкови М-1 Абрамс и борбени возила Бредли, објави Ројтерс.
Холандските вооружени сили помагаат во поморската безбедност и ја чуваат областа на пристаништето каде што ќе бидат сместени возилата пред да продолжат кон исток.