„Домаќините правеа пијачки пред нас. Го исцедија сокот од коренот кој имаше вкус на пиперка. Бев добро во првите 10-15 минути, но потоа сфатив дека нешто не е во ред. Потоа ја погледнав мојата колешка, министерката за надворешни работи Пени Вонг и гласно викнав дека не ми е добро. Очите ми се заматија“, го опиша инцидентот поранешниот австралиски вицепремиер Мајкл Мекормак.
Микронезијците имаат навика да даваат лушпа од кокос со пијалок на сите учесници на состанокот. Така, пијалокот е наменет за неколку присутни, а не само за едно лице.
Бидејќи на Мекормак не му било добро, присутните му донеле вода и се обиделе да го освежат, но бидејќи на австралискиот политичар не му се подобрувала состојбата, тој бил однесен во болница. Таму бил лекуван од дехидрација и бил под опсервација додека не се смират симптомите на гадење.
Меккормак е добро сега.
Тој изјавил дека откако излегол од болница спиел 14 часа.
-,,Олку немам спиено уште кога бев тинејџер“, изјави австралискиот политичар.
ШТО Е САКАУ?
Во микронезиската митологија, пијалокот Сакау се сметал за подарок од боговите, но денес се смета за традиционален и церемонијален пијалок. Се подготвува од корените на растението кафе. Сокот добиен од коренот потоа се филтрира низ кората на морскиот хибискус. Поради неговото седативно и смирувачко дејство, мештаните го користат и за ритуални и за медицински цели. Пијалокот обично се служи во лушпа од кокос.