Генерално, сите ги знаеме негативните ефекти од внесувањето премногу шеќер во организмот.
Постојаниот внес на шеќер може да доведе до дијабетес, проблеми со срцето, дебелина и низа други здравствени проблеми.
Намалувањето на внесот на шеќер не само што го намалува ризикот од тие здравствени проблеми, но исто така може да биде добро и за целокупната благосостојба.
Што всушност му се случува на нашето тело откако ќе престанете да јадеме шеќер?
Ќе престанете да чувствувате потреба од толку многу шеќер
Слично како и со алкохолот и со шеќерот важи истата приказна – колку повеќе го внесувате толку повеќе му е потребен на телото. Не можете да одолеете на десерт после тежок, мрсен оброк? Тоа е затоа што самото тело ви е „програмирано“ да добие одредена количина на шеќер со цел да се смири.
Но, доколку почнете да внесувате вода наместо шеќер, со текот на времето ќе ја победите потребата, односно зависноста да консумирате нешто слатко. Телото едноставно нема да чувствува повеќе потреба од толку многу шеќер.
Ќе имате повеќе енергија
Сите сме го почувствувале напливот на енергија откако ќе изедеме нешто слатко. Проблемот е што овој процес трае многу кратко, а веднаш по него се чувствуваме многу уморни и мрзоволни.
Откако ќе му ги скратите дополнителните шеќери на телото ќе имате константно енергија која ќе биде речиси во правa линија, без драматични подеми и падови во текот на денот.
Расположението нема да ви се менува на секои 5 минути
Доколку сте навикнати да консумирате многу шеќер не е никакво чудо што расположенијата ви се менуваат премногу брзо и често и сте многу поиритабилни отколку вообичаено. Сепак, мора да внимавате, прениското ниво на глукоза во крвта може да ви ја отежни работата и да бидете премногу чувствителни.
Ограничете ја количината на шеќер која ја внесувате дневно со цел да го стабилизирате нивото на глукоза и на тој начин расположението нема да ви осцилира.
Кожата ќе ви биде благодарна
Шеќерот е познат по тоа што го „разјадува“ колагенот во нашето лице. Колку помалку колаген толку повеќе кожата ќе го изгуби сјајот и еластичноста. Едноставно е, колку помалку шеќер = толку поздрава и посјајна кожа.
Побрзо ќе ги изгубите килограмите
Шеќерот се претвора во масти кога нема целосно да се потроши. А речиси сите спаѓаме во групата на луѓе кои консумираат многу повеќе калории отколку што може да потрошат во текот на денот. Колку помалку шеќер внесуваме во телото толку помалку истото ќе произведува инсулин.
Високото ниво на инсулин во крвта ќе го отежни намалувањето на килограмите што значи доколку сакате побрзо да ослабете, намелете го внесот на шеќери и нивото на инсулин во крвта.
Ќе имате помалку акни на лицето
Веќе го споменавме колагенот во кожата, но доколку постојано ви излегуваат акни на лицето, можеби треба да размислите колку шеќер внесувате во организмот.
Шеќерот ја воспалува кожата и предизвикува истата да лачи повеќе маснотии. Со цел да ја спречите појавата на акни, внесувајте помалку или воопшто не внесувајте шеќери.
Ќе ви се смени вкусот за храна
Откако ќе го скратите внесот на шеќери ќе забележите дека храната која претходно ви имала „нормален“ вкус, сега ви е премногу слатка. Воедно, желбата за десерти и слатка храна значително ќе ви се намали.