Обединетите Арапски Емирати, понекогаш едноставно наречени Емирати, се федерација од седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџа, Рас ел Хајма, Аџман, Ум ел Кајван и Фуџејра.
Пејзажот на земјата се состои главно од рамнини со чакал и пустина со песочни дини, a нејзините главни градови и урбани центри се лоцирани главно покрај бреговите.
Од бесплатно здравство, бесплатно сместување, до бесплатно образование, се чини дека жителите таму се добро згрижени од владата.
Погледнете ја листата на бесплатни работи за жителите на Емиратите:
Не плаќаат данок
Заега, жителите на Обединетите Арапски емирати не плаќаат данок на приход, без разлика колку пари заработуваат.
Бесплатно здравство
Додека туристите и луѓето кои живеат во Обединетите Арапски Емирати без државјанство можеби ќе треба да платат многу висока цена за посета на лекар, жителите на земјата имаат бесплатно здрвство.
Истовремено, државните болници се одлично опремени, што значи луѓето добиваат навистина добра нега.
Пасошот на жителите на Обединетите Арапски Емирати е 17-тиот најмоќен во светот
Ова значи дека жителите можат да патуваат без виза во 174 држави.
Бесплатно образование
За жителите на земјата, основното и средното образование се потполно бесплатни. Исто така, постојат државни универзитети кои нудат бесплатни постдипломски студии за жителите на земјата.
Бесплатна свадба
Доколку парот исоплнува одредени критериуми, може да добие грант од државата со кој ќе ги покрие трошоците за свадбата.
Бесплатен дом
Ако жителите на Обединети Арапски Емирати исполнуваат одредени услови, можат да добијат дом од државата.
Некои добиваат и грантови или делумна финансиска помош за да си купат свој дом.
Бесплатни погребални услуги
Кога ќе почине жител на Обединетите Арапски Емирати, владата финансира подигање на шатор покрај домот на жителот, каде што семејството и саканите можат да го одржат погребот.
Државата ги покрива и останатите трошоци за погребувањето.
Пронајдете не на следниве мрежи: