Нутриционистите откриваат како гравот влијае врз здравјето, но и на кој начин може да се спречи подуеноста на стомакот кој тој ја предизвикува.Гравот е една од омилените намирници во Македонија, а Тетовчани се особено познати по нивниот највкусен „тетовски грав“. Гравот е омилен и пошироко во регионот, а најчесто се приготвува во форма на чорбесто вариво и печен во рерна, попознат како „тавче гравче“.
Оваа намирница е преполна со влакна и протеини, а јадењата приготвени со грав долго време нè држат сити. Нутриционистката Мишел Зајв додава дека гравот е добар извор на железо, магнезиум и калиум.
Значи, за ова краткотрајно влијание на сите ни е јасно – од гравот ќе бидеме сити и ќе внесеме добра доза на важни нутриенти, а еве како редовната консумација влијае врз целокупниот организам.
ЗДРАВЈЕ НА ЦРЕВАТА
Пробиотиците не се единствениот начин за подобрување на микрофлората и функцијата на цревата. Нутриционистката Зајв вели дека гравот содржи отпорен скроб кој поспоро се дигестира, исто како и диеталните влакна.
„Отпорниот скроб се движи низ дигестивниот тракт и на крај завршува во дебелото црево каде со него се хранат бактериите“, појаснува нутриционистката. Овој процес е многу важен за јакнење на имунолошкиот систем.
ГАСОВИ
„Гравот содржи голема количина на сложени шеќери, наречена рафиноза. Телото поспоро ја разградува рафинозата и поради тоа се јавуваат гасови. Покрај тоа, гравот содржи изобилство од диетални влакна, кои исто така предизвикуваат подуеност и гасови“, вели нутриционистката.
Ако редовно јадете еден грав, гасовите најверојатно ќе поминат сами по себе со текот на времето, бидејќи телото ќе се навикне на варењето на оваа намирница. Покрај тоа, еден од начините за да се намали подуеноста по кадењето грав, е пред тоа да отстои потопен во вода во период од 12 до 24 часа, за да се измие вишокот на гореспонеатиот шеќер.
СЛАБЕЕЊЕ
Гравот е одличен избор на храна кога сакате да изгубите вишок телесна тежина, бидејќи содржи многу протеини и влакна, бидејќи подолго време ќе ве одржува сити. Нутриционистката Зајв открива дека една чаша варен грав содржи 12 грама влакна и 15 грама протеини!
СРЦЕ
Гравот е многу добар за здравјето на срцето, првенствено поради високата содржина на влакна и фолати.
“Влакната ги снижуваат нивоа на гликоза во кр-вта и кр-вниот притисок и помагаат во одржувањето на здрава телесна тежина. Фолатите се исто така добри за здравјето на срцето и нервниот систем”, објаснува Зајв.
ХОЛЕСТЕРОЛ
Гравот содржи многу растворливи влакна, кои помагаат во намалувањето на холестеролот, вели нутриционистката. Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави покажа дека секојдневното консумирање на варен грав, околу ¾ чаша, може да се поврзе со 5% понизок холестерол.
Со овој трик конечно гравот можам да го јадам без страв дека ќе ми се подуе стомакот, без гасови / Фотографија и рецепт на Иванчица
Го обожавам гравот, но ми прави стра шни непријатности – ми создава гасови и ми го дуе стомакот, понекогаш и по два-три дена откако ќе го јадев. Што сè не направив: додавав сода бикарбона во варењето, ким, нане, оцет додека го јадев и секојпат со страв дека ќе ми направи проблем. За среќа една пријателка ми откри еден трик и оттогаш немам мака со гравот.
полнети пиперки со грав
Потребни состојки: 450 г грав и 10 шолји вода
Постапка: гравот исчистете го, налејте го со вода и ставете да се готви околу 3-4 минути. Тргнете го од рингла и оставете да отстои во текот на ноќта и до приготвувањето без промена на водата во која се готвеше.
Бидејќи сега е зима можете едноставно да го оставите надвор на тераса, а летно време чувајте го во фрижидер. Следниот ден процедете го, измијте го со ладна вода и налејте нова вода. Оставете го да проврие уште еднаш колку еден клуч, па и таа вода процедете ја и натаму приготвувајте го по ваш избор.
На овој начин од гравот во водата каде киснел излегуваат до 80% од несварливите шеќери, кои предизвикуваат отежнато варење и подуеност.
Оттогаш па до денес не знам ни сама колку пати го приготвувавме гравот на разно-разни начини, од полнети пиперки со грав, чорбест грав, тавче гравче… и ниеднаш досега немав проблем со гасови и со тоа непријатно чувство на подуен стомак.
Пробајте го рецептот за СКОПСКО ТАВЧЕ ГРАВЧЕ: Вкусно гравче, прсти да излижеш!
Потребни состојки: 500 г грав, 1 главица кромид, 1 праз, 2 лажици доматно пире, 1 цел домат, 2 чешниња лук, сол, црн пипер, 1 лажица црвен пипер, 60 мл масло
Постапка: гравот потопете го во топла вода и оставете го да кисне цела ноќ. Наутро фрлете ја водата, наполнете нова и ставете да се вари додека зрното целосно да омекне (јас фрлам 2-3 води). Гравот најдобро е да се вари на тивко и полека.
На масло пропржете ситно сечкан кромид и праз додека да омекне, па додајте доматен сос и уште малку динстајте. Додајте црвен пипер во прав (алева пиперка) и тргнете од оган. Сварениот грав процедете го и префрлете го во керамички или земјен сад, па прелијте го со издинстаниот зеленчук и додајте ситно сечкан лук.
Убаво промешајте, па посолете и запиперете (јас ставам и вегета) по ваш вкус. Додајте малку вода цо која се варел гравот. На површината наредете домат исечен на кругови, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени и да фати убава коричка. / Coolinarika.com
Како се прави добра запршка за грав: Ако овде погрешите, ќе ви пропадне јадењето, сметаат добрите готвачи. Јадењата со запршка се дел од Балканската кујна и честопати се на нашата трпеза бидејќи и највкусни и најзаситни.
Па така на пример, варениот грав може да се приготви како вистински деликатес или како чисто промашување, доколку не го приготвите со добра запршка. Гравот може да се запржи на неколку начини, а секој начин има свој посебен вкус. Во некои краишта запршката се прави со свинска маст, во други со сланина, некои ја прават со масло/вода и брашно, а кај некои нема дури ниту брашно.
КЛАСИЧНА ЗАПРШКА ЗА ГРАВ
Се приготвува од масло, брашно и мелен црвен пипер. Постапката е лесна: Брашното се запржува во загреано масло додека да добие златна боја, се додава црвен пипер и полека се разредува со малку течност од тенџерето. Потоа се враќа назад во сварениот грав и по желба се остава уште неколку минути на оган.
ЗАПРШКА СО КРОМИД И ДОМАТ
Прво гравот се вари, а потоа во друг сад се запржува 1-2 сечкани главици кромид додека да омекне, па се додава мелен домат и црвен мелен пипер. Кога водата ќе испари, додајте малку брашно растворено во вода, а потоа сварениот грав. Варете го јадењето додека да згусне.
ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО
Популарна е во некои краеви од источна Македонија, а се приготвува на следниот начин: Прво се вари гравот, а во меѓувреме во друг сад се загрева масло. Со решеткаста лажица се вади гравот и се става во маслото и истовремено се притиска за да се изгмечи.