Што се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?

Некои луѓе сметаат дека еден оброк дневно е доволен за непречено функционирање на телото. Но, доколку тоа премине во навика, може да доведе до зголемување на телесната тежина, нестабилно ниво на шеќерот во крвта, главоболки и други проблеми. Во продолжение прочитајте кои ефекти може да ги предизвика оваа нездрава навика.
Што се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?
Зголемување на телесната тежина
Кога ги прескокнувате оброците, вашето тело гладува. Тоа значи дека му снемуваат залихи, а неговиот метаболизам станува бавен. Таквата ситуација може лесно да доведе до зголемување на масните наслаги.


Осцилација на шеќерот во крвта
Прескокнувањето оброци во текот на денот може да доведе и до промена во нивото на шеќер во крвта. Една од честите појави е хипогликемија или низок шеќер во крвта која може да биде опасна по живот.
Недостаток на хранливи материи
Ако јадете само еднаш дневно тоа може да значи и дека не внесувате доволно хранливи материи. Тоа може да доведе до недостаток на витамини и минерали, но и недостатокот на протеини, јаглени хидрати или масти може исто така да доведе до проблеми.
Главоболка
Главоболката може да се јави како резултат на нестабилното ниво на шеќерот во крвта или недостаток на хранливи материи.
Нездрава храна
Доколку имате само еден оброк во текот на денот голема е веројатноста дека е нездрав и калоричен.
Зиморливост
Кога вашето тело гладува во организмот настануваат промени во однос на циркулацијата на крвта. тоа најчесто се манифестира со настинка.
За да ги спречите овие несакани ефекти, доволно е да се храните со здрави и квалитетни оброци во текот на денот. На тој начин ќе му обезбедите на телото сè што му е потребно за нормално функционирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.