Свесни сме за неверојатните придобивки од редовното вежбање, кое ни помага да ја одржиме формата и правилното функционирање на телото. Се препорачува секој човек да вежба 45-50 минути најмалку двапати неделно.
Она што исто така треба да знаеме е што всушност се случува со телото кога рутината за вежбање е целосно отсутна или прекината некое време?
Иако можеме да се согласиме дека постојат некои животни навики (од пиење, пушење, прејадување со слабо хранлива храна) кои можат да бидат штетни за нашето здравје, недоволното оптоварување на мускулите може да биде исто толку лошо.
Иако редовното и квалитетно вежбање го одложува стареењето, прескокнувањето на потребната количина на физичка активност всушност може да го забрза ризикот од прерана смрт и да предизвика повеќе смртни случаи ширум светот отколку пушењето тутун или дијабетесот, според студијата објавена во The Lancet.
Срцето станува помалку ефикасно
Аеробните и кардио вежбите се поврзани со добар пулс и помал ризик од срцеви заболувања. Меѓутоа, ако не вежбате или ако не се занимавате со никаква физичка активност долго време, ќе почнете да чувствувате дека вашето срце функционира полошо и тоа може да влијае на вашите секојдневни задачи. Може да ви се наруши отчукувањата на срцето, лесно да го губите здивот, а со лоши навики во исхраната можно е да се појават проблеми со срцето и висок холестерол.
Мускулите слабеат
Една од најважните улоги што ја има вежбањето е да ги одржува мускулните клетки во добра форма и да ги зајакне. Кога не вежбате или не се движите, не само што го поништувате целиот претходен напредок, туку може да ја намалите мускулната сила што ја имате и да се чувствувате многу послаби.
Дури и кревањето лесни тегови може да изгледа потешко, а ослабените мускули исто така може да ви го отежнат извршувањето на секојдневните задачи и активности.
Може да имате проблеми со спиењето
Верувале или не, вежбањето има значајна врска со квалитетниот сон. Не само што вежбањето е одличен лек против стрес и поттикнува сон, туку и недостатокот на добар сон може да биде знак дека штедите на потребната физичка активност.
Ќе изгубите на издржливост
Спроведена е студија на оваа тема со анализа на падот на издржливоста кај кајакарите. Кога нивното ниво на кислород беше споредено со времето кога тие беа само вклучени во основни вежби, беше забележано дека има неверојатен пад на нивото од 11,2 проценти.