Кога ќе влезете во автомобилот најпрво си помислувате дали сте го земале телефонот, паричникот, документите, но тоа не е најважно, особено ако надвор е топло како што е овие неколку недели.
Американските научници предупредуваат дека мора да внимавате уште на една важна работа.
Во американското истражување се испитуваше колку грешки во текот на симулирањо возење ќе направат испитаниците во однос на тоа колку вода испиле во текот на денот и непотребно пред да влезат во автомобилот.
Првиот ден испитаниците секој час пиеле една чаша вода и направиле вкупно 47 грешки. Вториот ден пиеле само по една голтка вода и направиле 101 грешка. Грешките биле минување преку белата линија, задоцнето кочење и слично.
Како се поврзани возењето и пиењето вода?
Треба да знаете дека човечкиот организам не може да функционира на правилен начин кога е дехидриран.
Дехидратацијата влијае негативно и предизвикува проблеми со концентрацијата, расположението, фокусирањето и многу други работи. Кога на организмот му недостасува вода, мускулите не функционираат на правилен начин.
Заклучокот е дека на вашиот организам му е неопходна водата, па затоа секогаш имајте шише вода со вас и не возете автомобил доколку не сте доволни хидрирани, особено во летниот период.