Понекогаш, вашето ментално расположение може во голема мера да зависи од енергијата во вашиот дом. Фенг шуи, древната кинеска уметност за уредување на просторот, се состои од одредени правила и упатства за воспоставување на поволен проток на енергија во домот.
Во продолжение прочитајте кои 5 работи треба да ги направите во вашиот дом за тој да биде исполнет со повеќе среќа и позитивни вибрации во 2023 година.
Фенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година?
Пуштете ја среќата во домот
Еден од најважните елементи од вашиот дом според фенг шуи е влезната врата низ која влегуваат сите можности. За среќен почеток на годината бројот на вашата куќа или стан треба да биде видлив. Тој е симбол на големите можности, среќните околности и добрите луѓе. Освен тоа, не смее да има никаква пукнатина на вратата, а ѕвончето треба да биде во исправна состојба.
Проветрете ги просториите
Потребно е да го проветрувате домот секое утро и секоја вечер, дури и кога надвор е ладно. Меѓу другото, растенијата можат да ви помогнат да внесете дополнително ниво на кислород во домот бидејќи тие се природни прочистувачи на воздухот.
Создадете катче само за вас
Според експертите за фенг шуи, декември, јануари и февруари се потивки, потемни месеци кои нè покануваат на повеќе одмор, релаксација и активности дома. Затоа, важно е да имате простор за себе, мирна и тивка просторија каде што ќе можете да се поврзете со себе. Збогатете ја зимската енергија со мирисите на етерична лаванда, темјан или сандалово дрво и опуштете се во магијата на зимските денови.