Што јадат најздравите луѓе за појадок?

Финските научници од VTI Technical Reseаrch Центарот, ги проучувале прехранбените навики на 147 здрави личности со здрава килажа во текот на четири месеци.
Тие дошле до откритие дека овие луѓе денот го започнуваат на следните начини:
51% од испитаниците за појадок јадат овошје
41% од нив консумираат млечни производи
33% одбираат житарки


Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 33% од испитаниците го започнуваат денот со ваков тип на храна.
Само 26% од испитаниците признале дека со појадокот задолжително пијат и кафе, додека остатокот (74%) одат на работа без да консумираат кофеин во текот на денот.
„Наместо ограничувања во исхраната и избегнување на омилената храна, дебелината може да се спречи ако научиме да го слушаме својот организам, т.е. предност даваме на квалитетот, а не на квантитетот на оброкот“ – изјавила авторката на истражувањето Ана Лена Вуоринен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.