Што ќе се случи со вашиот организам ако јадете хељда 3 пати неделно?

Хељдата се класифицира во житарици, но според морфолошките и физиолошките својства значајно се разликува од другите житарици така што технички не спаѓа во оваа категорија. Таа е медоносна култура. Благотворно делува на организмот поради големото количество витамини, минерали, аминокиселини, корисни јаглехидрати и полинезаситени масти. Освен тоа, хељдата е и еколошки производ затоа што не подлегнува на генетска модификација и третирање со пестициди. Постојат докази кои покажуваат какво е нејзиното влијание врз телото. Ако во текот на една недела јадете хељда 3 пати, прочитајте што ќе му се случи на вашиот организам!
1. Помага при губењето тежина
Кашата од хељда за појадок без никакви други промени во животот нема да ви го реши целосно проблемот со вишок килограми, но без сомнение ќе забележите промени. Таа е многу хранлива. Во 100 грама хељда сварена во вода има само 110 калории. Сложените јаглехидрати осигуруваат енергија и подолго чувство на ситост. После оброкот нема да размислувате на храна и така ќе избегнете дополнително внесување непотребни калории. Хељдата има диуретично дејство и ги елиминира токсините.


2. Ја подобрува состојбата на крвните садови
Рутин, еден од витамините коишто се состои во хељдата ги зајакнува крвните садови и го намалува ризикот од развој на различни патолошки состојби како што е крвавењето. Поради тоа оваа житарица им се препорачува на оние кои неодамна имале операција и на трудниците поради превенција од разни компликации, како во телото на мајката така и во бебето. Биолошки активната супстанца кварцетин помага во прочистување на крвните жили. Докажано е дека редовното консумирање хељда го снижува холестеролот поради полинезаситените масни киселини. Таа е богата и со железо кое е неопходно за нормално функционирање на крвотокот.
3. Дава сила
Протеинот што го содржи е многу сличен на протеините во месото или рибата. Затоа вегетаријанците толку ја сакаат оваа суперхрана. Таа не дава сила само во текот на зголемен физички и ментален напор туку и го зацврстува телото при што се задржува чувството на леснотија кое е потребно за продолжување на работата.
4. Смирува и го подобрува расположението
Добро влијае врз централниот нервен систем, помага при ослободувањето стрес и има смирувачко дејство. Се препорачува во случај на депресија за да се подобри психичката состојба. Од сите житарици само таа содржи холин кој допринесува за хармонична работа на нервниот систем, но и на големиот мозок.
5. Го подобрува варењето на храната
Таа често им се препорачува на луѓето со гастроинтестинални проблеми. Благодарение на лимонската и јаболковата киселина која ја содржи оваа суперхрана, се подобрува варењето. Никотинската киселина го подобрува метаболизмот, ја забрзува синтезата на белките, мастите и јаглехидратите. Хранливите влакна и скробот спречуваат затвор и подуеност. Хранливите влакна го намалуваат ризикот од создавање камен во жолчката. Таа е одлична превенција од рак, посебно рак на цревата.


6. Ја подобрува состојбата на кожата, ноктите и косата
Витаминот Е е корисен за еластичност на кожата и јакнење на косата. Рутинот обезбедува природна заштита од штетното дејствување на сончевата светлина. Манганот ја подобрува циркулацијата на крвта благодарение на кој кожата станува сјајна и свежа, додека антиоксидансите и флавоноидите од хељдата го забавуваат стареењето. Јаглехидратите од интегралните житарици како цинкот и витамините А и Б, го забрзуваат растот на косата и ја прават појака. Калциумот кој го има во неа ја подобрува состојбата на забите и ноктите и помага во апсорбирање на витаминот Д.
7. Го снижува шеќерот во крвта
Хељдата им се препорачува на луѓето кои имаат дијабетес бидејќи има низок гликемиски индекс и помага во снижување на шеќерот во крвта. Зелената хељда во тој поглед е посебно корисна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.