Потребни состојки:
-700 г вишни
-8 кори за пита
-1 лажичка цимет
-100 г мелени бадеми
-100 г шеќер
-100 мл масло
-100 мл млеко
Начин на подготовка:
Подгответе околу 700 г исчистени вишни, ставете ги во сад и додадете ги шеќерот, циметот и бадемите, па измешајте добро.
Одделно измешајте ги маслото и млекото. Земете две кори и горната премачкајте ја со мешавината од млеко и масло, распоредете по неа неколку лажици вишни, виткајте како ролат и ставете во плех премачкан со масло.
На истиот начин подгответе ги сите кори. Откако ќе ги наредите истурете го остатокот од смесата врз корите и ставете да се пече во загреана рерна, на 180 степени.
Печете околу половина час до 40 минути, додека не добие златножолта боја.
Оладената штрудла посипете ја со шеќер во прав.