Потребни состојки за тесто:
1 сув квасец
400 г брашно
280 г путер
1 јајце
1 жолчка
60 г шеќер
Прелив:
350 г ореви
2 лажици мед
150 г шеќер
80 г суво грозје
рум
цимет
мускантно оревче
200 до 300 мл млеко
За премачкување:
1 јајце
шеќер во прав
Начин на подготовка:
Квасецот измешајте го со брашното, додадете го путерот и сè убаво замесете. Потоа додадете ги јајцето, жолчката и шеќерот, замесете тесто и оставете да одмори најмалку половина час.
За преливот:
Мелените ореви прелијте ги со врело млеко, додадете ги медот, шеќерот, сувото грозје, румот, циметот и мускантното оревче. Сето тоа добро измешајте го.
Тестото премесете го и сечете го на три дела. Од секој дел направете кора околу 30 см, премачкајте ја со преливот и виткајте ја како ролат. Наредете ги ролатите во тепсија и премачкајте ги со изматено јајце.
Печете околу 40 минути на 200 степени. Печената штрудла посипете ја со шеќер во прав и исечете ја пред послужување.