Ѕвезда поведе со 2-0 против Партизан




Кошаркарите на Црвена ѕвезда поведоа со 2-0 против Партизан во финалето на плејофот од регионалната АБА лига, откако победија со 80:73 (17:19, 21:19, 23:19, 19:16) во втората пресмета во сериката до три победи.

Во првиот меч Црвена ѕвезда победи со 85:82 и сега ја има првата меч топка на гостински терен. На полувремето од вториот натпревар, резултатот беше 38:38, а Црвена ѕвезда почна да работи на малото одвојување од противникот. Потоа постојано беше чекор понапред од Партизан и на крајот заслужено славеше.

Најдобар играч на Црвена ѕвезда беше Немања Недовиќ со 21 поен, додека прв стрелец кај Партизан беше Џејлин Смит со 12 поени.

Домаќин на третиот натпревар е Партизан, а се игра в недела од 20 часот и 30 минути. Домаќин на потенцијалниот четврти меч, исто така, ќе биде Партизан, а доколку се игра петтиот, домаќин ќе биде Црвена ѕвезда.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: