Веста за ненадејната смрт на текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ ја потресе регионалната јавност.
На Инстаграм и поп-ѕвездата Јелена Карлеуша се прости од Лаќа, која ја објави последната порака од Лаќа кој ја испратил од Израел, каде е пронајден мртов.
– Предлагам средба кога ќе се вратам од Израел, јас и ти, без околни елементи. Исто така, се извинувам за секој збор што ве навредив, како сопруга и мајка – пишува во пораката што синот на покојната Марина Туцаковиќ и ја испратил на Карлеуша.
Јелена со емотивни зборови истакна дека сè му простила на Радуловиќ и дека сите ќе ги слушнат последните песни што ги напишал.
– Почивај во мир, драг Лаќо, далеку од „крвави солзи“ (името на последната песна што ми ја напиша), од несреќа, тага и болка – почна Карлеуша, па продолжи:
– Разбрав се и простив се… И ќе ја задржам оваа твоја последна порака, како и последните пораки на Марина. Не грижи се, сите ќе ги слушнат последните песни што си ги напишал и сите ќе разберат дека си бил неверојатно талентиран син на мајка ти… Талентиран, но роден за друг свет, друга димензија. Последно збогум.