„Ја фатив сопругата како ме изневерува со мојот татко преку беби мониторот – сега очекуваат близнаци“

Младиот Велшанец Деклан Фулер решил јавно да се „пресмета“ со својата сопруга Стефани, која го изневерила со неговиот роден татко.

Тој сите детали од семејната драма ги раскажал во медиумите, а истакнал дека Стефани ја фатил во прељуба на по малку бизарен начин – благодарение на беби мониторот. Деклан преку овој апарат со свои очи го видел интимниот чин помеѓу својот татко и сопругата.
Овој 22-годишник со својата врсничка Стефани ја има 2-годишната ќерка Вилоу, а парот минатиот септември под свој кров го примил Дарен, таткото на Деклан (44). Во нивниот дом и дошло до аферата.

„Ова е болно, како можеше татко ми да ми го направи тоа? Тоа не е нормално“, изјавил шокираниот Деклан за „The Sun“.
Тој раскажал дека на денот кога дошло до прељубата, бил на работа, а открил што се случува благодарение на беби мониторот. Имено, тој посакал на својот телефон да провери што прави неговата ќерка Вилоу. На снимката видел како Стефани влегува во спалната соба со својот свекор.

Деклан тврди дека ова шокантно предавство толку го разбеснило што помислил на тоа да го убие сопствениот татко.
„Да не успеев да го сочувам разумот, Дарен сега ќе беше 3 метри под земја“, прокоментирал тој.

„Ја фатив сопругата како ме изневерува со мојот татко преку беби мониторот – сега очекуваат близнаци“

Стефани сега чека близнаци со поранешниот свекор
Откако младиот Велшанец ги соочил со доказите, и двајцата негирале дека направиле нешто лошо, тврдејќи дека едноставно гледале телевизија во спалната соба. Но, Деклан не поверувал во ова објаснување и веднаш побарал развод.

Набрзо се утврдило дека е во право – кратко по разводот, Стефани и Дарен започнале јавна романса. И не само тоа, оваа девојка останала бремена од некогашниот свекор, а сегашен партнер – парот очекува близнаци.
„Не го изневерив. Дарен и јас започнавме врска една недела откако Деклан ме напушти“, изјавила таа за „The Sun“.
„Жал ми е за бебето, пристигнува во едно многу конфузно семејство“, заклучил Деклан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.