Честопати ги одложуваме диетите затоа што немаме доволно сила и решителност да истраеме во нив кога гладот ќе почне да не исцрпува. Затоа е важно да се изберат оние кои не се премногу радикални. Јапонската диета со банани е популарна токму поради тоа што нема изгладнување.
Важно е појадокот секогаш да се состои од банани со млака вода, бидејќи на тој начин се забрзува метаболизмот. Јадете една или две банани за појадок секое утро, а ручекот и вечерата се разновидни.
- Амбиции на израелскиот премиер Нетанјаху: По Хамас, Хезболах и Сирија, на ред е ИранИдната година е резервирана за Иран, на агендата на израелскиот- прочитај повеќе
- Турција доби изземање од американските санкции против руската ГазпромбанкТурција доби ослободување од американските санкции против руската Газпромбанк, така- прочитај повеќе
- Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заемСредствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во- прочитај повеќе
- ЈП за државни патишта за кренатите рампи на патарина Гостивар: Имаше дефект, решен е за неполн час!Од Јавното претпријатие за државни патишта попладнево за ТВ21 истакнаа- прочитај повеќе
- Тошковски: Не сакам да шпекулирам каде е Артан Груби, важно е што има потерница по негоНе би сакал да шпекулирам, гласи одговорот на министерот за- прочитај повеќе
Мени за јапонската диета со банана:
Прв ден
Ручек: Супа со зеленчук, салата од зелка.
Вечера: 100 грама бело пилешко месо, салата по желба.
Втор ден
Ручек: Спанаќ со ориз, салата.
Вечера: 100 грама риба, парче интегрален леб, салата.
Трет ден
Ручек: 50 грама тестенини со сос од домати, салата од свежо цвекло.
Вечера: 70гр говедско месо на скара, парче интегрален леб, салата
Четврти ден
Ручек: Динстан зеленчук, салата од домати.
Вечера: Пилешки батак без кожа, салата по избор.
Петти ден
Ручек: Рибја чорба и салата по избор.
Вечера: 100 грама мисиркино месо и зелена салата.
Шести ден
Ручек: Чорба од зеленчук, салата од свежи краставици.
Вечера: Салата, пилешко или мисиркино месо на скара.
Седми ден
Ручек: Динстани печурки со ориз.
Вечера: Зеленчук на скара и салата од домати.
Иако диетата не е ригорозна, се препорачува да разговарате со вашиот лекар пред да почнете да ја применувате. Секоја ненадејна редукција на калориите може да предизвика стрес на организмот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.