Јапонците по трет пат по грешка објавија лансирање на севнокорејска ракета

Во Јапонија по третпат седмицава е објавена лажна информација за лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја, откако еден јапонски функционер наместо да ја објави информацијата за силниот земјотрес што го погоди западниот дел од земјата, објави дека е лансиран севернокорејски балистички проектил.Оваа голема грешка ја сторил функционер од бирото за воздухопловство во Осака, при јапонското министерство за сообраќај, кој по грешка на 87 аеродроми им испратил електронска порака во која се вели дека е лансирана севернокорејска ракета, соопшти во саботата министерството.Човекот всушност сакал да испрати порака во којашто од екипите се бара да ја проверат состојбата на лице место веднаш по силниот земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер кој во саботата наутро по локално време го погоди западниот дел од Јапонија,Наместо да ја испрати електронската порака за земјотресот, тој невнимателно ја испратил итната порака подготвена во случај на севернокорејска ракета, можност што Јапонија ја држи во состојба на целосна подготвеност последната седмица.Погрешното предупредување било повлечено по шест минути, но поради него бил одложен најмалку еден домашен лет, соопшти јапонското министерство за сообраќај.Во четвртокот контролата за воздухопловство на Јапонија, исто така, по грешка објави дека е лансиран балистички проектил од Северна Кореја.Информацијата „Се случи лансирање на ракета. Ве молиме да се биде внимателен”, била испратена до сите центри за контрола на летањето во земјата, но по само четири минути добиле официјално демантирање на информацијата.Претходно администрацијата на еден од најголемите јапонски мегалополиси Јокохама, по грешка на својот официјален микроблог на Twitter објави претходно подготвена информација дека во Северна Кореја е лансирана ракета, но по 20 минути објави официјален демант и се извини за предизвиканата паника.Јапонија, како и Јужна Кореја и САД, во моментот е во „состојба на подготвеност”, соопшти тамошното министерство за одбрана, откако извори од владата во Сеул изјавија дека може да се очекува нова нуклеарна проба од Северна Кореја.Претходно во четвртокот јапонското министерство за одбрана соопшти дека мобилна постројка на севернокорејската армија за лансирање на проектил од типот „Мусудан” поставена во близина на градот Вонсан во северо-источниот дел на Северна Кореја, е поставена во активна положба. Според претставникот на јапонското министерство, информациите се добиени врз основа на анализа на неодамна направените сателитски снимки. Експертите ја наведуваат можноста дека вториот лансер може да е камуфлиран под маскирна мрежа.Во почетокот на април се појавија информации дека Северна Кореја може да изврши тестирање на балистички проектили со среден дострел од типот „Мусудан”, за кој се верува дека има дострел меѓу три и четири илјади километри.Претходно беше објавено дека експертите на Северна Кореја го завршиле подготвувањето на ракетното гориво, а министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Јун Бен-Се официјално ја потврди информацијата дека севернокорејската ракета е транспортирана до источниот брег на Северна Кореја и рече оти Пјонгјанг е подготвен да ја лансира „секоја минута”.Покрај тоа, беа изнесени претпоставки дека Пјонгјанг може да истрела неколку ракети од типот „Скад” и „Нодон” од различни локации на севернокорејската територија, доколку се случи неуспешно лансирање на балистички проектили „Мусудан”.
MaкфаксВо Јапонија по третпат седмицава е објавена лажна информација за лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја, отк

Пронајдете не на следниве мрежи: