Јаткаст плод кој е често занемарен, а може да спречи појава на рак и срцеви болести

Многу истражувања покажуваат дека редовната консумација на јаткасти плодови има бројни бенефити по нашето здравје.

Но, една намирница сè уште неправедно се занемарува, а станува збор за пињолите. Пињолите се всушност јадливи семиња кои потекнуваат од различни видови бор. Ако се консумираат умерено, можат да имаат многу добробити по здравјето, пренесува „WebMD“.
Како што објаснуваат диететичарите, овие јаткасти плодови се богати со хранливи материи кои се важни за здравјето, како витамини, минерали и маснотии. Иако се богати со масти, во себе содржат минимална количина на заситени масти, а токму рамнотежата на здрави маснотии, протеини и влакна во порција пињоли е важна за одржување на стабилното ниво на шеќер во крвта, намалување на ризикот од дијабетес и зачувување на здравјето на срцето.
Кога зборуваме за здравствените придобивки од овие вкусни плодови, истражувањата покажуваат дека пињолите можат да го зголемат нивото на енергија поради протеините, железото и магнезиумот кој го содржат.

Антиоксидантната моќ на витаминот Е исто така може да помогне во зачувување на здравјето на кожата и младешкиот изглед.
Освен тоа, редовната консумација на пињоли или други семки и јаткасти плодови може да помогне во намалување на ризикот од дијабетес и срцеви болести.

Пињолите можат да нѝ пружат бројни здравствени предности како:

  • намалување на ризикот од рак на желудник
  • намалување на ризикот од дијабетес
  • зачувување на здравјето на срцето и крвните садови
  • ублажување на симптомите предизвикани од воспалителни нарушувања како ревматоиден артритис
  • одржување на здрава телесна тежина
  • продолжување на чувството на ситост
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.