Парфемот „Ја“ од Јелена Карлеуша е одраз на нејзината личност – храбра, самоуверена и впечатлива. Тој беше лансиран како дел од нејзиниот естетски потпис, кој ги комбинира луксузот, модерноста и драматиката.Мирисниот состав на парфемот „Ja“ е дизајниран да биде универзален, но во исто време уникатен, со заводливи и моќни ноти кои траат со часови. Горните ноти носат освежувачки цитрусни и овошни тонови, срцето на парфемот е збогатено со цветни акорди, додека основата зрачи топли и сензуални нијанси на ванила, мошус и сандалово дрво.Овој парфем не е само мирис – тоа е емоција, исто како и Јелена. Наменет е за жени кои не се плашат да бидат забележани и кои сакаат да остават силен впечаток каде и да се појават. Пакувањето е елегантно и луксузно, со минималистички дизајн кој ја отсликува модерната софистицираност.И додека првата серија на „Ја“ е распродадена, Јелена активно се занимава со својата пејачка кариера и бројни настапи за кои секогаш се бара билет повеќе. Со оглед на тоа што цел регион ја слуша, нејзина желба и желба на обожавателите беше да приреди голем концерт во соседна Хрватска. Сепак…– Должна сум да одговорам на илјадници ваши прашања за тоа кога ќе одржам голем концерт во Загреб. Мојата база на фанови во Хрватска е огромна, а вашите прашања и нетрпеливост се сосема оправдани. За жал, мојот менаџмент не успеа да се договори со организаторите од Загреб за да се одржи концертот. Имав голема желба, и навистина ми е жал што тоа не се случи. Искрено се надевам дека еден ден ќе се дружиме во Загреб! Испраќам љубов до сите мои верни фанови и публика од Хрватска! – напиша накратко Јелена на својата инстаграм приказна.
Пронајдете не на следниве мрежи: