Најтрофејниот италијански клуб Јувентус на срспки погон со два гола на Душан Влаховиќ, негови први после 115 дена пауза и еден на Филип Костиќ ја здроби Салернитана на гостувањето со 3-0 за да ја прекине серијата од три меча без победа (два порази) во последниот меч од 21-то коло во Серија А.
„Старата дама“ која загуби 15 бода од тековната сезона поради трансфер-малверзации и фиктивен буџет првпат победи по пауза од еден месец и триумфот на 7 јануари против Удинезе со 1-0, а блескаа српските репрезентативци. Влаховиќ ја најави победата со голот од пенал во 26-та минута, па до полувреме му асистираше на Костиќ да ја дуплира предноста во 45-та минута. Две минути во вториот дел, Влаховиќ го даде својот втор гол, а трет за Јувентус за да стави печат на победата.