Љубовен хороскоп до 26 октомври! Девиците раскинуваат, Стрелецот привлечен, а овој знак ќе направи љубоморна сцена

Венера, планетата на љубовта, е во Стрелец, каде што носи интересни емотивни настани за Стрелците, Овенот и Лавот.ОВЕНСледната недела ќе бидете малку поагресивни и понервозни. Поради ова лесно може да се случи да му „вадите“ на партнерот и непотребно да му создадете проблем во врската. Внимавајте како се однесувате со партнерот и ќе имате повеќе среќа во љубовта.БИКМожни нови контакти , можеби и на социјалните мрежи. Ова не е недела во која можете да се надевате на физички контакт со некој што ви се допаѓа, но ќе има многу можности за флерт и размена на љубовни зборови. Лесно ви е да ги изразите своите емоции во овој период.БЛИЗНАЦИТЕЌе бидете расположени за патување и доживување љубовна авантура или само авантура во друштво на избрана личност. Ако сте сами, особено ќе ве привлечат оние луѓе кои се со странско потекло и потекнуваат од други култури.РАК Во наредниот период ќе се чувствувате многу стимулирани, но ќе бидете и премногу агресивни кога се работи за работите или луѓето кои ги сакате. Тешко ќе поднесете и најмала фрустрација, поради што ќе се саботирате во љубовта.ЛАВВие сте во состојба на умот која успешно ги уништува вашите шанси да постигнете задоволувачки љубовен живот. Без разлика дали сте сингл или веќе во врска, сигурно сте се соочувале со проблеми и претходно, а сличен тренд ќе продолжи и во наредната недела.ДЕВИЦАНема да имате преголема среќа во љубовта во наредниот период, бидејќи има одредени проблеми во врската. Можно е дури и прекин на врската за оние кои не успеваат да ја „загреат“ атмосферата во врската, која доста се заладила.ВАГАСледната недела ќе се појават можности за состаноци и романтични контакти, што ќе ви го олесни наоѓањето љубов или барем доживее романса. Ќе имате особено среќа во потрагата доколку се појавите на место за забава.СКОРПИЈАВо овој период сте особено страсни, а така ќе биде и следната недела. Многу лесно може да се случи да направите љубоморна сцена или да предизвикате проблеми во врската поради интензивни чувства и страсти кои ќе ве измачуваат.СТРЕЛЕЦЌе бидете многу барани во наредниот период. Ќе се разубавите поради благодетите на планетата Венера која патува во вашиот знак, што ќе привлече повеќе заинтересирани. Вашата самодоверба и расположение ќе бидат на високо ниво.ЈАРЕЦЌе бидете принудени да се справувате со проблемите кои се појавиле во љубовниот живот, особено ако сте во долга врска или брак. Насобраната негативна енергија лесно може да се претвори во отворен конфликт помеѓу вас и вашиот партнер.ВОДОЛИЈАВашиот социјален живот ќе биде многу повозбудлив почнувајќи од следната недела. Дури е можно да се развие љубов меѓу вас и некој со кој се дружите или да запознаете нови и интересни луѓе преку пријателите и новите социјални кругови во кои ќе западнете.РИБИИако во наредниот период ќе имате повеќе можности за љубов, за разлика од ситуацијата во претходните неколку недели, сепак не можете да се надевате на хармонија или исполнување во љубовниот живот. Тоа е нешто што доаѓа подоцна.

Пронајдете не на следниве мрежи: