ОЈО Скопје поведе постапка потив таткото на портпаролот на Влен кој е осомничен за полов напад на дете. На истиот му се определеи мерки на претпазливост и му се одземаат патните исправи, соопштија од ОЈО.
– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира.
Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција.
Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.
Судијата на претходна постапка попладнево ги прифати предложените мерки.
Таткото на Факри Хисени, Д.Х синоќа бил уапсен за полов напад врз малолетник. Според нашите информации момчето кое е жртва на нападот има 16 години и е од Чаир, а грозоморниот настан се случил денеска, кратко после полноќ.
Според пријавата на родителите во МВР, нивниот син излегол од дома за да оди во теретана која често ја посетувал и на враќање кон својот дом го сретнал Д.Х кој му рекол да седнат и да поразговараат на клупата, по што почнал да го допира малолетникот.
Малолетникот изјавил дека го турнал Д.Х од себе и му викал „како не ти е срам ова да го правиш“. Во својата изјава малолетникот детално го опишал настанот каде наведува дека „Д.Х го викнал да поразговараат на клупите во паркот по што во еден момент почнал да го допира малолетникот во пределот на препоните, по што во следниот момент Д.Х ја појнал неговата рака преку тренерките и гаќите на малолетникот и да го допира неговиот полов орган. Детето веднаш го турнало од себе и избегало до најблискиот влез од зграда, а веднаш потоа се јавило во полиција.
Д.Х е приведен за сторено кривично дело Полов напад и силување според членот 186 став 7 од Кривичниот законик.
Инаку уапсениот, според сведочења на познаници и соседи, се претставувал како командант на УЧК и претседател на ветераните на ОНА.
Од МВР го потврдија настанот.
„Д.Х. е лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад и други дејствија’ и во координација со ОЈО работиме на расчистување на случајот“,информира полицијата.