Светскиот атлас на храната ги претстави најдобрите традиционални јадења на планетата, а интересно е што сараевските ќебапи се најдоа во топ 10.
Taste Atlas ја објави годишната листа на најдобри јадења во светот, а на прво место се најде мексиканското јадење – Konchita pibil.
View this post on Instagram
По него следат бразилска пикања, а третото место го зазеде полското јадење „pierogi ruskie“. Во првите десет се најдоа јадења од Шпанија, Грција, Перу, Италија, а интересно е што сараевските ќебапи се на 10-то место.
Рангирањето е направено врз основа на гласовите на повеќе од 100 илјади луѓе.