Состојки:
600 гр мелено месо
1 рендан кромид
1 јајце
100 гр презла
малку вода
зачини сол,сув зачин,бибер ,црвена пипер се по 1 лајче
Доматен сос
4 смрзнати домати (може и со свежи)
1 кромид
1 пиперка
зачини: сол, бибер, сув зачин, магдонос
Од наведените состојки се замесува меленото месо.Се остава да одмори 1 саат. Се прават топчиња колку орев .Се пржат околу 15мин. Потоа се ставаат во сосот од домати
Сос-Се зема кромидот и пиперката се пржат.Се додаваат 4 домати .Сето се пржи околу 10мин.Се блендира и се враќа сосот на оган да се вари.Се додаваат зачините.Потоа се додаваат и ќофтињата и се варат заедно 10мин.Се служи со пире.