1-1,5 кг компири
1-2 главици кромид
2 јајца
50-60 г лебни трошки
масло, сол и мелен црн пипер
- 1.Компирите измијте ги и изрендајте ги. Веднаш налејте ги со вода за да не ја сменат бојата.
- 2.И кромидот исчистете го и изрендајте го.
- 3.Компирите исцедете ги, измешајте ги со ренданиот кромид, ставете ги врз газа и добро притиснете за да се исцеди вишок вода.
- 4.Во смесата додадете ги лебните трошки и јајцата. Зачинете со сол и црн пипер, и добро измешајте. Од смесата, со раце, формирајте ќофтиња.
- 5.Во подлабок сад загрејте и пржете ги ќофтињата се додека не добијат златно-румена боја.
- 6.Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот мрснотија и сервирајте ги топли.
- 7.Совет: доколку ги подготвите порано, пред сервирање загрејте ги во рерн, на 180 степени, околу 10-тина минути.