Џиновска блага палачинка

Се готви многу едноставно и секој член на семејството може да ја подготви како одлично изненадување.

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • сол
  • шеќер
  • 300 мл. млеко
  • 9 големи лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • Масло за готвење
  • Еурокрем, мед или џем по избор

Страчатела колачот го обожуваат и тие што не сакаат благо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Јајцата се матат пенасто со миксер. Во текот на матењето додаваме малку сол и малку шеќер.
  2. Во смесата се додаваат брашното, млекото и ванилиниот шеќер.
  3. Во сад за печење се додава тенок слој масло за готвење и се става да се загрее на температура од 200 степени.
  4. Во загреаниот сад се додава подготвената смеса за палачинка. Се пече 20 минути на температура од 180 степени.
  5. Се остава да се излади и потоа се филува по желба. Потоа се витка како ролат и се посипува со рендана чоколада или, пак, цимет, ореви мелени и слично по избор.

Не пропуштајте и ова:

Овој освежителен тарт со јагоди е совршен пролетен десерт

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.