четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ако водата беше загадена ќе имавме 50.000 пациенти, вели Чибишев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доктор Андон Чибишев кој работи на Клиниката за токсикологија со свој осврт за информациите што вчера предизвикаа паника меѓу скопјани дека во водата за пиење има Ешерихија коли.
Во објава на Фејсбук, Чибишев пишува дека доколку тоа било вистина, тогаш дневно би имало над 50.000 пациенти.
        Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест доволно е само 10 % од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50 000 пациенти, пишува Чибишев.
И Чибишев бара итно реагирање на надлежните институции.
– МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на Скопје. Без милост, без селективност, стои во објавата.
Вчерашната информација објавена на социјалните мрежи предизвика паника кај населението во Скопје и енормна потрошувачка на флаширана вода.

Поврзани вести