Српскиот лекар Жељко Раниловиќ, доктор по медицина и специјалист по интерна медицина на Универзитетскиот клинички центар на Србија, објави видео на својот канал TikTok кое ги шокираше корисниците на социјалните мрежи кога упати многу загрижувачко предупредување: „Ако пиете сок од грејпфрут, можеш да умреш“.
Докторот на почетокот наведува дека ова не е сензационализам за да ги натера луѓето да го гледаат неговото видео и објаснува дека грејпфрутот го блокира ензимот CYP3A4 кој учествува во разградувањето на многу лекови.
Ова не се однесува само на лековите што ги користат сериозни пациенти, тие вклучуваат и широко користени лекови како што е антибиотикот Еритромицин, како и бројни лекови за алергии, но и други лекови од практично сите групи на антихипертензиви, цитостатици, имуносупресивни лекови, антидепресиви, анксиолитици, дури и некои додатоци во исхраната. Откриени се дури 40 лекови кои во комбинација со сок од грејпфрут може да доведат до смрт, но и 80 лекови кои доколку се комбинираат со сок од грејпфрут може да доведат до сериозни здравствени последици – изјави д-р Жељко Раниловиќ.
Потоа ги нагласи опасните последици од оваа смртоносна комбинација:
- Внатрешно крварење
- Фатални аритмии
- Бубрежна инсуфициенција
Тој нагласи дека само употребата на сок од грејпфрут без комбинација со лекови може да доведе до фатални последици, поради зголемување на нивото на естроген и со тоа може да биде причина за рак на дојка, кој најчесто се појавува кај средовечни жени.