Еден од најпознатите француски актери Ален Делон со судска одлука доби старател.
Според странските медиуми, старателот ќе го придружува во извршувањето на бројни задачи во секојдневниот живот, освен најважните, како што е продажбата на недвижен имот, што е функција која е оставена на одредена друга личност од доверба.
- Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во ХрватскаМакедонски државјанин, возач на камион, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Брегана – Загреб. Несреќата… Read more: Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска
- Рекорден „Генералка викенд“ — десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во државатаНа 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната… Read more: Рекорден „Генералка викенд“ — десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во државата
- Возач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабинатаТешка сообраќајна несреќа се случи попладнето на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана,… Read more: Возач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабината
- Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжуваРичард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва ја прославија осмата годишнина од бракот. Двојката се… Read more: Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжува
- Што се случува со вашето тело кога земате ашвагандаАшвагандата е билка која има многу намени во ајурведската медицина, врз основа на нејзините наводни… Read more: Што се случува со вашето тело кога земате ашваганда
Старателот ќе му помогне и на Ален Делон во изборот на лекар кој ќе продолжи да го следи неговото здравје.
Имено, оваа одлука е донесена по бројните меѓусебни обвинувања во јавноста на децата на познатиот актер од почетокот на оваа година, по што реагираа адвокатите на Ален Делон кои побараа тој да биде ставен под судска заштита.
Браќата Антони и Ален Фабијан ја обвинија нивната сестра Анушка дека го запоставува нивниот татко и го искористува, додека Анушка поднесе тужба против браќата за клевета.
Алармот го вклучи и Ироми Ролен, жена која до неодамна беше покрај актерот и која изјави дека животот му е во опасност и дека веќе неколку месеци не ја прима препишаната терапија. Според Ален Фабијан, терапијата што му ја препишале лекарите во Швајцарија била прекината во договор со француските лекари, но Анушка негира дека овој потег бил договорен. Не се знаеше дали Ален Делон може сам да одлучи дали сака да го продолжи лекувањето или не.
Пронајдете не на следниве мрежи:



