Во соработка со агенцијата за вработување и против пожарниот сојуз спроведена е селекција на кандидатите кои се пријавија на владиниот оглас за сезонски пожарникари, соопшти денеска директорот на дирекцијата за заштита и спасување.
Според Ангелов, сите кандидати кои биле избрани ги исполнувале критериумите и истите по завршување на обуката ќе бидат распоредени таму каде што е најпотребно.
Претседателот на противпожаниот сојуз очекува кандидатите да ја поминат обуката која покрај Скопје се одвива и во 12 други градови каде ќе се обучат 364 кандидати кои потоа ќе бидат распоредени по општините од кои доаѓаат.
Инаку, мерката која ја најави владата минатиот месец за ангажирање на кандидати за пожарникари требаше да опфати 400 лица за кои е предвидена финансиска надомест од 24,000 денари месечно.



