Ароматична пита со дуњи

Loading...

1/2 кг кори за пита
200 мл масло
200 мл газирана вода
100 г гриз
600 г дуњи
150 г шеќер
100 г суво грозје
1/2 лажичка цимет
100 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
Дуњите исчистете ги и изрендајте ги во длабок сад. Додадете ги шеќерот, циметот и сувото грозје, и промешајте го филот.
На работна маса ставете ја првата кора и попрскајте ја со масло. Врз неа ставете втора кора, и попрскајте ја со масло и газирана вода. Наросете 1 лажица гриз и нанесете од филот. Прекријте со трета кора и попрскајте со масло и вода. Свиткајте ги краевите на корите, свиткајте ролат и ставете во намрсена тава. На истиот начин подгответе ги сите ролати и наредете ги во тавата. Премачкајте ги со масло и печете 30 минути на 200 степени. Подизладената пита исечете ја на парчиња и наросете ја со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

loading...