Асад бара помош од членките на БРИКС

Сириската претседател Башар ал-Асад побара од земјите членки на групата BRICS (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканската Република) чиј самит се одржува во Дурбан, да се обидат да го запрат насилството во неговата земја и да го прекинат патењето на неговиот народ предизвикано од меѓународните санкции, пренесува AFP.

 „Ги повикувам челниците на BRICS заедно да се ангажираат на што поскоро прекинување на насилствата во Сирија за да се гарантира успехот на политичкото решение на проблемот. . За тоа е потребна јасна волја на меѓународната заедница да ги уништи изворите на тероризмот, да престане да ги финансира, како и да престане да ги вооружува”, се наведува во писмото што сирискиот претседател Башар ал-Асад го упатил во средата до својот јужноафрикански колега Жакоб Зума, кој претседава со самитот на BRICS.
 „Сите вие коишто сакате во денешниот свет повторно да завладее мирот, сигурноста во правдата, ангажирајте се на обидот да се прекинат патењата на сирискиот народ коишто ги предизвикаа економските санкции, спротивно на меѓународните закони. Тие директно влијаат на живот и секојдневните потреби на нашите граѓани”, се наведува во писмото објавено интегрално од државната агенција SANA.
Makфакс
Сириската претседател Башар ал-Асад побара од земјите членки на групата BRICS (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафри

Пронајдете не на следниве мрежи: