Остра реакција од лидерот на најголемата опозициска партија од редовите на албанската зедница, довчерашни долгогодишни кратори на политиките во земајва, Али Ахмети на бројните чекори на актуелната Влада.
– Ние не ја носиме државата со себе– ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30 отсто, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста! – изјави Ахмети, отфрлајќи ги стравовите дека Албанците наводно „ја преземаат државата“.
Тој во својот говор на синоќешниот собир директно се обрати до премиерот Христијан Мицкоски, од кого Ахмети побара директни објаснувања за политики кои го загрозуваат соживотот и мирот.
– Од овој собир во Арачиново, јавно му се обраќам на Христијан Мицкоски со барање да им објасни на албанските граѓани:
Зошто го менува Законот за употреба на јазиците?
Зошто го менува Охридскиот Мировен Договор?
Зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата?“
Говорејќи за обидите за поделба меѓу Албанците и нивно заменување со т.н. „чесни Албанци – Ахмети предупреди на враќање на опасни идеологии:
Потоа дополни: Знаете ли кој ја користеше филозофијата за ‘чесните Албанци’? Милошевиќ! А секој што денес ја промовира таа идеја, ја оживува логиката која Албанците ја поразија“
Ахмети потенцираше дека Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“:
– Нѐ држите потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши.
Денес, Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри.
Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност!
Оваа држава повеќе не може да се води од само една страна. Не е во ничиј интерес да се загрози соживотот. Оние што му служат на злото, не можат да бидат наши партнери! – порача Ахмети и дополни:
„Ние не бараме Голема Албанија, ниту Голема Србија, ниту Голема Бугарија – туку Голема Европа без граници, како што направија Германија и Франција. Западен Балкан обединет во Брисел, во мир и конечно помирување!“