Бајадера сладолед

4 свежи јајца
7 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
200 мл ладна слатка павлака
100 мл ладно млеко
100 мл ладна газирана вода
2 пакетчиња шлаг
100 г мелени бисквити
Јајцата пенесто се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер. Шлагот се мати со млекото и газираната вода. Посебно се мати слатката павлака.
Во изматените јајца прво се додава шлагот и се промешува. Потоа во смесата се додава слатката павлака и повторно се промешува. На крајот се додаваат бисквитите и се промешува. Се става во пластичен сад, попрскан со чоколаден прелив и се замрзнува.

Loading...