Без брашно и шеќер, готови за миг: Крофни од рерна – меки како облак

Без разлика дали сте на кето диета или едноставно внимавате на исхрана, овој рецепт за кето крофни од рерна е одлично решение.

Во кето диетата се елиминира брашното, кое често се заменува со бадемово брашно (или само мелени бадеми), а шеќерот се заменува со еритритол и стевиа. Токму ова е основата на овој рецепт за домашни крофни.

Состојки:

  • 80 грама ситно мелени бадеми;
  • 80 грама кокосово брашно;
  • 1 кесичка прашок за пециво;
  • 2 цели јајца;
  • прстофат сол;
  • 180 грама крем сирење;
  • 10 грама еритрол;
  • рендана кора од еден лимон;
  • масло по потреба.

Подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Во сад измешајте ги јајцата, крем сирењето, еритролот и ренданата кора од лимон, па сè убаво измешајте. Додадете мелени бадеми, кокосово брашно и прашок за пециво со прстофат сол, па измешајте додека не добиете хомогена и мазна смеса.
Оставете го да отстои, а ако е премногу меко, истурете уште малку мелени бадеми.
Натопете една лажица во масло, па со неа извадете го тестото и обликувајте топчиња.
Се редат во плех покриен со хартија за печење, но внимавајте крофните да не се многу блиску една до друга за да не се залепат.
Печете најмалку 15 минути, додека не добијат златно жолта нијанса.
По желба можете да ги посипете со шеќер во прав, цимет, шеќер, шарени трошки, чоколаден прелив, џем…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.