Бои што ќе доминираат ова лето

Loading...

Секое лето нè изненадува со некој нов тренд кој ги враќа боите што малку сме ги заборавиле или не биле присутни на модната сцена во текот на изминатите сезони. Овојпат станува збор за летни, женствени, нежни и софистицирани бои.
1. Нежна пастелна жолта боја

 

View this post on Instagram

 

A tisket a tasket 🧺

A post shared by SAMANTHA LAUREN (@whatwouldkikiwear) on


Нежната жолта нијанса е апсолутен хит оваа сезона. Оваа боја изгледа совршено на летни фустани, раскроени здолништа, но и на шорцови, блузи, па дури и на тенки летни џемпери.
Покрај пастелно жолтата боја, во мода се и посилната жолта боја и бојата на лимон, а овие нијанси добро се комбинираат со светли бои, особено со белата и даваат свеж и софистициран изглед. Ако се одлучите за парче во пастелно жолта боја, нема да погрешите, особено ако имате темен тен. Исто така, чантите во оваа нијанса се апсолутен хит, но и лентите за коса, венчињата, марамите итн.
2. Боја на лаванда

 

View this post on Instagram

 

Gorgeous @lenaterlutter 💞

A post shared by @ fashion4perfection on


Нежните нијанси на лаванда изгледаат женствено и секси и може да ја освежат целата комбинација само со еден детаљ. Оваа боја е најзастапена на долгите плисирани здолништа, на раскроените фустани, на блузите со прерамки, но и на други парчиња облека.

 

View this post on Instagram

 

bonjour from me & #diorbobby 🌼 @dior #suppliedbydior

A post shared by JULIE SARIÑANA (@sincerelyjules) on

loading...