Бојата на автомобилот некогаш може да ве заштити од кражба?!

Ако се мислите да купите нов автомобил, внимавајте на бојата, во зависност од неговата боја постои поголема или помала веројатност дека ќе биде украден.
Статистиката покажува дека колку вашиот автомобил има попопуларна боја, толку е поголема можноста дека ќе биде украден. Моментално во Европа најпопуларните бои на автомобили се црна, сина, сребрено – сива. На светско ниво, црната, сината и сребрено – сивата боја ги сочинуваат 86% од новопродадените возила. Останатите 14% од продадените автомобили се во зелена, жолта, црвена, портокалова и розова боја.
Според анализите на сите возила украдени во Европа во периодот од 2005 до 2015 година, заклучено е дека најголем дел од автомобилите кои биле украдени се од петте најпопуларни марки и не се постари од три години. Најчесто украдени биле црни, сини и сребрено – сиви автомобили. Најмалку биле украдени розови автомобили.


Овој удел на украдени возила може да се објасни со фактот што колку повеќе автомобили има во една боја, толку е полесно да се украде таков автомобил, или пак јаките „жешки“ бои се помалку застапени на патиштата. Бидејќи најголем дел од автомобилите се крадат за препродавање, улога има и цената на препродажбата. Во деведесеттите години, најпопуларна боја за автомобил беше црвената кога секако, најголем број украдени возила беа црвени, но овој тренд се промени и има тенденција да се менува на неколку години.
Сепак, многу луѓе имаат аверзија кон автомобили во обоени во „жешки“ бои. Но, ако некој вистински ужива да вози автомобил во застрашувачка боја, бојата може да биде многу подобра заштита наместо скапите аларми. Во овој случај розовата е најдобриот избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.