Брз појадок со јајца останати од Велигден

Супер брза идеја за појадок со состојки што најверојатно веќе ги имате, а ќе ги искористите и јајцата што ви останале од Велигденските празници.

Доколку ви останале јајца од Велигден, можете да ги искористите за да направите сендвичи за појадок. Наместо леб пресечете го јајцето на половина и наполнете го со омилените состојки. Ова е одлична идеја како на интересен начин да ја искористите преостанатата храна, а можете и да послужите како предјадење.

Потребни состојки:
варени јајца
домат
сувомеснато (кулен, чајна или шунка)
мајонез
зелена салата
кашкавал или сирење
бибер
Подготовка:
Варените јајца пресечете ги на половинки, па на жолчката ставете малку мајонез. На едната половинка над мајонезот ставете парче кашкавал или сирење, потоа парче домат, парче сувомеснато и малку зелена салата. Преклопете со другата половинка, пропрскајте одозгора со бибер (или микс зачини) и седвичот е готов. Можете низ средината да забодете чепкалка за заби за да ги држи сите состојки. Повторете ја процедурата со останатите јајца што сакате да ги искористите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.