Важна победа на Партизан против Ефес, Реал поразен од Панатинаикос


Кошаркарите на Партизан го победија турски Анадолу Ефес со резултат 100:90 во преполната белградска „Арена“, а лидерот на табелата мадриски Раел претпре непријатен домашен пораз од грчкиот претставник Панатинаикосс со 86:97 во натпреваите од 27. коло на Евролигата.

Партизан на овој натпревар настапи без Џејмс Нанели, кој има проблеми со рамото, но некои други играчи отскокнаа од сивилото на претходните натпревари и извојуваа заслужена победа. Во текот на натпреварот имаше многу подеми и падови за двете екипи, имаше многу промени во водењето на мечот, а „црно-белите“ го „скршија“ мечот со индивидуалните потези на Кевин Пантер и Зек Ледеј во последната четвртина. Алекса Аврамовиќ внесе голема енергија во текот на целиот натпревар, а Данило Андушиќ погоди „тројки“ во важни моменти.

Ефес имаше шанса во четвртата четвртина, дури водеше и со еден поен, но „црно-белите“ не ги фати паника, па славеа пред околу 20.000 навивачи.

Најдобар во тимот на Партизан беше Аврамовиќ со 30 поени и три асистенции, додека Зек Ледеј забележа 21 поен и осум скока. Пантер додаде 16 поени, а Андушиќ 15. Кај Ефес се истакнаа Вил Клибурн со 17 и Тибор Плаис со 13 поени. Двоцифрени беа и Шејн Ларкин со 11 поени, шест асистенции и пет скока, а центарот Џонс со 10 поени и четири скока.

Партизан сега има скор 13-14 и ќе ја продолжат борбата за плеј-ин и плеј-оф. Ефес моментално има 11 победи и 16 порази и е во тешка ситуација.

Во следното коло Партизан ќе игра против Олимпија во Милано, додека ривал на Ефес ќе биде Баерн кој ќе гостува во Турција.

Во четвртокот вечера во Мадрид се случи едно „мини-изненадување“, откако Реал на домашниот паркет беше поразен од Панатинаикос со 86:97. Гершон Јабуселе со 18 и Џанан Муса со 16 поени беа најефикасни кај Реал, додека Матијас Лесор со 26 коша е најзаслужен за важната победа на Панатинаикос.

Реал и понатаму е убедлив лидер на табелата со соодносот меѓу победите и поразите 22-5, втора е Барселона со 18-8, додека Панатинаикос е израмнет на третото место со Виртус од Болоња со скорот 17-10.

Виртус оствари домашна победа против Валенсија од 87:74. Џордан Мики постигна 14 за Виртус, а Крис Џонс постигна 20 за Валенсија, која е 10-та со скор 13-14.

РЕЗУЛТАТИ ОД 27. КОЛО,
четврток:
Алба – Макаби Тел Авив 71:106
Виртус Болоња – Валенсија 87:74
Партизан – Анадолу Ефес 100:90
Реал Мадрид – Панатинаикос 86:97
петок:
Фенербахче – Басконија
Жалгирис – Олимпијакос
Асвел – Армани Милано
Баерн – Црвена ѕвезда
Барселона – Монако

ТАБЕЛА:
1. Реал Мадрид                      27 22 5 2326-2112
2. Барселона                         26 18 8 2157-2040
3. Панатинаикос                    27 17 10 2177-2056
4. Виртус Болоња                  27 17 10 2180-2185
5. Монако                             26 16 10 2101-2038
6. Фенербахче                      26 15 11 2109-2075
7. Олимпијакос                     26 15 11 2019-1943
8. Басконија                         26 14 12 2152-2152
9. Макаби Тел Авив              27 14 13 2339-2361
10. Валенсија                       27 13 14 2049-2049
11. Партизан                        27 13 14 2218-2229
12. Армани Милано               26 11 15 1989-1969
13. Анадолу Ефес                  27 11 16 2233-2318
14. Баерн                              26 11 15 1999-2074
15. Црвена ѕвезда                 26 10 16 2133-2102
16. Жалгирис                         26 11 15 2079-2087
17. Алба                                27 5 25 2049-2314
18. Асвел                               26 5 21 2011-2213

Пронајдете не на следниве мрежи: