Вака изгледа кога една од најголемите sвезди е фатена пијана

Дуа Липа беше со своето момче Анвар Хадид на роденденска забава со пријатели во Калифорнија и не успеа да се скрие од папараците.
25-годишната Дуа Липа, чии родители се од Косово, е една од најголемите светски поп-sвезди, па папараците го следат секој нејзин чекор.
Пејачката е снимена со своето момче, музичарот Анвар Хадид (21) кој е брат на светски познатите модели Бела и Џиџи Хадид. Дуа и Анвар беа на роденденска забава со пријатели во Калифорнија и беше очигледно дека таа премногу испила.
Липа одеше претпазливо и полека додека Хадид и беше поддршка и ја држеше за рака, криејќи го лицето од папараците. Пејачката, која е позната по своите секси изданија, беше во фармерки, топ и патики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.